Село гори баба се чешла! Италијанците денес го слават својот Ден на Тирамису



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Колку Италијанците го сакаат овој десерт, покажува и фактот дека, и покрај пандемијата, неговата продажба се зголеми за пет проценти во услугите за испорака што ги понудија.

Ако пандемијата не е доволен изговор за уживање во десертот, Италија го има вистинскиот изговор – неделата е меѓународен ден на нивниот десерт тирамису.

Италијанската новинска агенција АНСА гордо објави дека викендов ќе се слави десерт на маскарпоне, кафе и бисквити.

Сепак најавија дека ќе мора да се запазат сите мерки за претпазливост од вирусот корона, иако многу луѓе се собраа и групирано го прославиле овој чуден ден кој што за нив е посебен.