Само парите и власта ги интересираа, а сега Мијалков и Камчев се осудени – Фокус


Освен што го унапредивме Арачиново за два века, одржавме лекција по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон дека сега ја разбрале вредноста на заедништвото, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Арачиново.

-Само парите и власта ги интересираше, ништо не работеа за нашиот народ, а потоа некои од нив се осудени да одговараат и по дваесет години, како Мијалков, Камчев и други бандити што беа во нашата држава. Арачиново одржа лекција како Албанците, Македонците и сите останати можат и сакаат да живеат заедно, изјави Заев.


ИЗВОР. ФОКУС