Сакаше да се прави духовит со фотомонтажа на прес конференција, сега Бојко мора да се правда и извинува кај Американците



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Американската амбасада во Софија реагираше на колажот што го користеше Бојко Борисов, на прес конференцијата во средата, во партиското седиште на ГЕРБ, а кој е направен направен со фото монтажа на фотографијата на американски астронаути кои починале за време на вселенска мисија. Прашањето беше поставено директно кај господинот Борисов, коментираше прес-службата на амбасадата, одговарајќи на прашање на Слободна Европа..

Во средата, за време на прес-конференција, лидерот на ГЕРБ ги исмејуваше своите противници со колаж од слики на Атанас Атанасов, Христо Иванов, Маја Манолова, Тошко Јорданов, Николај Хаџигенов, Иво Мирчев и Цветан Цветанов. Нивните лица беа ставени на фотографија од НАСА со астронаутите од екипажот на шатлот Колумбија, во мисијата СТС 107, кои починаа во 2003 година кога влегоа во атмосферата на Земјата.

Во средата, на прашањето на Слободна Европа, ГЕРБ одби да го коментира самиот факт на употребата на фотографијата, туку само инсистираа да се разјасни дека колажот не е дело на никого од партијата. Колажот кружи на социјалните мрежи последните денови, рекоа во ГЕРБ.