Русите и Кинезите изведуваат голема и заедничка поморска вежба, светот во страв!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море, одржуваат поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со Западот се влошија.
Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17 до 23 октомври, соопшти руското Министерство за одбрана.

Група бродови прв пат помина низ мореузот Цигару како дел од патролата, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Задачите на патролата беа да ги демонстрира руското и кинеското национално знаме, да го одржува мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и да се грижи за субјектите на поморската економска активност на двете земји, додаде руското министерство.
Мореузот се смета за дел на меѓународните води.

Навигација на напис