Румен Радев ќе направи џандар збира на изборите во Бугарија, според анкетите може да победи во првиот круг



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Доколку гласањето за претседател и потпретседател во Бугарија беше минатата недела, Румен Радев би добил 51,2 отсто од гласовите на избирачите, Анастас Герџиков – 22,5 отсто, Мустафа Карадаи – 7,9 отсто и Лозан Панов – 6,2 отсо.
Останатите на претседателските избори во Бугарија имаат доверба помала од три отсто. 

Податоците се од истражувањето на Галуп интернешнал Балкан за Бугарското национално радио, спроведено лице в лице со таблети, меѓу 1.009 возрасни Бугари, во периодот од 10 до 17 октомври. Истражувањето не ги зема предвид настаните од последните денови. 
Околу 56,4 од испитаниците велат дека сигурно ќе гласаат на претседателските избори, 54,2 отсто велат дека сигурно ќе гласаат на парламентарните избори. Повеќе од 20 отсто се оние кои велат дека најверојатно би гласале, но не се сигурни.

Ако парламентарните избори беа кон средината на октомври, сегашната слика за изборните ставови би изгледала вака: 22,5 отсто од избирачите би гласале за ГЕРБ-УДФ, 15,1 отсто за БСП, 13,4 отсто за Продолжуваме со промената, за Има таков народ – 12,2 отсто, за Демократска Бугарија – 11,2 отсто, за ДПС – 10,8 отсто.
Со еден збор, Румен Радев станува клучна фигура на бугарската политичка сцена.

Навигација на напис