Путин “растури” на изборите во Русија, дали со тоа пропадна планот за промени на власта во Москва!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Претседателката на Централната изборна комисија на Русија, Ела Памфилова, објави дека гласањето на изборите за Државната дума завршило и дека се започна со пребројувањето на гласовите. Според обработените 23,03 проценти од гласачките ливчиња, партијата Единствена Русија доби 43,82 проценти од гласовите.
Комунистичката партија на Русија доби 22,56 проценти од гласовите, Либерално демократската партија освои 8,57 проценти, Праведна Русија, за вистината околу 7,27 проценти од гласовите и Партијата Нови луѓе освои 6,68 проценти.

Граѓаните на Русија можеа да избираат помеѓу 14 партии и коалиции. Како што пишуваат руските медиуми тие можеле да гласаат за следните партии: Комунистичка партија на Руската Федерација, Зелени, Либерално -демократска партија, Нови луѓе, Единствена Русија, Правична Русија, За правда, Јаболко, Партија за развој, Руска партија на слободата и правдата, комунисти на Русија, Граѓанска платформа, Зелена алтернатива, Татковина и партија на пензионерите.
Според резултатите од гласањето преку Интернет во шест региони на Руската Федерација, без Москва, Единствена Русија освои 54,25 проценти од гласовите.

Одзивот на изборите во цела Русија на 19 септември, според податоците од 17 часот по средноевропско време, беше 45,15 проценти.
Изборите се за избор на пратеници во Думата во периодот во наредните пет години, претставници на 39 регионални и локални парламенти, како и лидери на девет региони. Изборите започнаа низ цела Русија на 17 септември, а гласањето заврши на 19 септември.

Составот на Долниот дом на рускиот парламент се избира според мешовит принцип или 225 пратеници се избираат од партиските листи, уште 225 пратеници од едномандатни изборни единици во еден круг.
Според ЦИК, повеќе од 108 милиони луѓе имаат право на глас, и како што објави Министерството за надворешни работи, на нив треба да се додадат уште два милиони Руси кои наоѓаат или живеат во странство.

Навигација на напис