Производителите на ориз најавија протест – Фокус


Земјоделците-производители на ориз од кочанско најавија дека ќе излезат на протест и дека ќе го блокираат патот Штип-Кочани, во знак на незадоволство поради високите цени на репроматеријалите и ниската откупна цена на оризот и арпата.

Тие велат дека се уште не им е продадена околу една четвртина од ланската реколта, а за една недела треба да почне годинешната жетва.

– Advertisements –

Земјоделците велат дека нема да ја почнат жетвата, а во вторник ќе го блокираат патот Штип – Кочани.

Тие бараат да се дефинира производна цена на оризот и да се забрани увоз на неквалитетен ориз, за да се заштити домашното производство.

Од Иницијативниот одбор сметаат дека цената на оризовата арпа не смее да биде под 25 денари и ги обвинуваат откупувачите за манипулации.

ИЗВОР. ФОКУС