Предлог до Собрание кризната состојба да се продолжи до 31 декември


Владата на денешната седница го усвои записникот од 13. седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19.

Со оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризната состојба до 31 декември 2021 година.

ИЗВОР. ФОКУС