По Охридскиот договор, најважна ни е зелената агенда – Фокус


По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на митингот во Желино, каде беа претставени кандидатот за градоначалник, Фатмир Изаири, и советничката листа предводена од Шевал Сулејмани.

-Со оваа советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе му бидат од голема помош на Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет – рече Ахмети.

– Advertisements –


ИЗВОР. ФОКУС