Последен училишен ден, Царовска не знае како од септември



ИЗВОР: АЛФА

10 Јуни, крај на учебната година помината во ковид пандемија.Почна со задоцнување од еден месец, со поппезно најавена национална платформа за учење од далечина која доживеа крахирање за еден ден. За потоа учениците да продолжат со користење на мајкрософт тимс, а во училишните клупи седнаа само учениците од прво до трето одделение.Оние кои немаа електронски уреди гледаа македонска телевизија.Но како ќе започне следната учебна година од септември? Министерката Царовска се уште не знае.

Тоа што наставниците, децата и родителите ќе бидат во неизвесност како ќе започне следната година е само еден од низата проблеми. Дополнителен терет е и најавената дигитализација на учебниците која Царовска упорно ја форсира додека родителите и наставниците собираат потписи за итен референдум пред септември за да ја спречат.Но дали министерката ќе ја предомислат илјадниците ученици кои бараат да седнат во училишните клупи со хартиени учебници?

“Оваа учебна 2020/2021 година ќе ја запаметиме по самоволието на еден министер кој намерно или не, ќе ни скрати часови по историја, часови по македонски а да ни воведе сеопфатно сексуално образование и тоа од најмала воздраст. НИЕ сакаме да учиме. Ние сме за враќање во училишните клупи, сакаме хартиени учебници и сакаме нормален тек на нашиот образовен процес.” вели Сара Ацковска – средношкослки глас.

Во меѓувреме, се поставува прашањето дали можеби новата учебна година ќе зависи од бројот на вакцинирани граѓани? Здравствените власти неодамна  најавија дека децата од 12 до 16 години ќе имаат можност да се вакцинираат, но за конечниот став јавноста се уште не слушнала. Докторите велат дека засега, децата сепак не треба да бидат во приоритетната група за вакцинација.

Ања Василева