Полицијата објави, убиецот е дански државјанин кој преминал во ислам! Детали за 34 минутниот ужас во Норвешка (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Пет лица загинаа, а две се повредени во напад на неколку локации што се случи во четвртокот вечерта во инаку мирниот норвешки град Конгсберг, кој има околу 28.000 жители. Човекот кој го изведе нападот со лак и стрела е уапсен, а полицијата не ја исклучува можноста дека се работи за терористички акт.

Five people are dead after an attack by a man armed with a bow and arrows near the Norwegian capital of Oslo, police say. Two other people were wounded and hospitalized in intensive care. https://t.co/iqXU3CZDAm— The Associated Press (@AP) October 13, 2021

Во 18 часот и 13 минути, полицијата ја добила првата пријава дека едно лице шета низ градот со лак и стрела, а нешто повеќе од половина час подоцна, во 18 часот и 47 минути, напаѓачот бил уапсен. Се истражува дали напаѓачот дејствувал сам и дали користел друго оружје.
Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје.

Полицијата утрово соопшти дека напаѓачот е 37-годишен дански државјанин кој живее во Конгсберг. Таа се уште не го кажала неговиот идентитет или за што точно е обвинет, пишува Си -Ен -Ен.
Афтенпостен пренесува дека сторителот се преобратил во муслиманска вера. Тој живее во Норвешка и по апсењето бил пренесен во полициска станица во блискиот Драммен.
Веруваме дека осомничениот дејствувал сам за време на нападот, соопшти полицијата.

BREAKING: Norwegian police say that the bow-and-arrow attack suspect is a Muslim convert, and there had been concerns he had been radicalized. https://t.co/yb6tb4DhJ7— AP Europe (@AP_Europe) October 14, 2021

Меѓу повредените, кои во моментов се во болница, има полицаец кој не бил на должност.
Неговиот адвокат, Фредрик Нојман , за ВГ изјави дека разговарал со неговиот клиент кој бил испрашуван.
Распитот заврши утрово во 5 и 12. Мојот клиент соработува со полицијата и детално опишува што се случило, рече тој.
Полицијата рече дека засега нема да даде дополнителни детали за сторителот и околностите на апсењето. Еден од повредените е полицаец. Повредените се на одделот за интензивна нега.

Norwegian authorities say it is too soon to tell whether yesterday’s bow-and-arrow attack that killed five people was an act of terrorism.https://t.co/EIQytLrYd3— DW Europe (@dw_europe) October 14, 2021

Полицијата испука неколку предупредувачки истрели пред апсењето. Тоа кажува нешто за сериозноста на ситуацијата, рече Ејвинд Аас , шеф на полицијата за Баскернуд и Југоисточната полициска зона.
Лајла Густавсен , поранешен државен секретар и пратеник од редовите на лабуристите, живее надвор од центарот на Конгсберг и е длабоко шокирана од ужасните настани.
Хеликоптери летаат над градот, се е полно со полиција. Нереално е дека вакво нешто може да се случи во град како нашиот. Не знаеме кој е повреден или убиен во нападот. Прилично страшно искуство

Улиците во центарот на градот се речиси празни, а полицијата ги посетува куќите и местата на злосторствата како дел од истрагата.
По нападот, полициската администрација им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.
Полициската администрација рече дека ова е мерка на претпазливост и дека „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.

Навигација на напис