Покрај ригорозните интервјуа, повеќето кандидати паѓаат поради мртви муви!



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Не е изненадување дека работата во кралската резиденција не се добива лесно. Дури и ако нема да бидат директно во служба на некој член на кралското семејство, кандидатите се должни да поминат низ ригорозни интервјуа и целиот стрес што тие го носат со себе, а исто така има и тест за мртва мува.

Во документарниот филм прикажан на британскиот Канал 5, шефицата за вработување во британската палата, Трејси Вотерман, откри како избира кандидати за работата за чистење, пренесува Сан.
Еден од тестовите што сакам да ги правам, за да видам дали кандидатот има потенцијал за детали, е да ставам мртва мува во каминот или на тепихот. Потоа го носам кандидатот во друга соба и откако ќе разгледа наоколу, го носам да му се восхитува на каминот. Потоа очекувам да ја види мртва мува, и се надевам дека ќе ја отстрани, вели Трејси.

Таа додава дека станува збор за одличен тест, кој половина од кандидатите не го положуваат.
Еден од десет луѓе ќе се наведне и ќе земе мува. Разликата помеѓу чистачка во хотел и кралска палата е само вниманието на деталите, додава Вотерман.
И покрај овој бизарен тест, се чини дека стресот за време на интервјуто вреди да се вложи напор. Кога кралското домаќинство побара персонал минатиот октомври, на кандидатот кој ја доби работата му беше дозволено да живее во палатата и да ужива во бесплатна храна и пијалок, со покриени сите патни трошоци.

Навигација на напис