Пожарникарите денеска вежбаа, а утре ќе ја презентираат новата скала – Фокус


Пожарникарите денеска имаа генерална проба  за утрешната презентација на 42-метарската противпожарна скала која ја набави Град Скопје. Денешната проба се одвиваше на зградата на „Осигурување на Македонија“ во центарот на Скопје.

-Противпожарната Бригада на Град Скопје и специјалните единици за спасување на Министерството за внатрешни работи утре (16.06.2021) во 19:30 часот ќе изведат јавна презентација за новата противпожарна скала.

Презентацијата ќе се одвива на улица 11 Октомври, на потегот од Тутунски Комбинат до крстосницата кај Црвен Крст. За таа цел, во период од 18:00 до 21:00 часот сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен, соопштија од Град Скопје.

 

ИЗВОР. ФОКУС