Погребот на Тито се одржа БЕЗ неговото тело? Вистината ќе ве запрепасти



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Погребот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кој беше погребан во Куќата на цвеќето во Белград, не можеше да помине без тајни и мистерии.

Најголемата тајна беше што всушност имаше во ковчегот што беше изложен во сегашната зграда на српскиот парламент и беше покриен со знамето на тогашната СФР Југославија со петокраката на средината.

Целата мистерија околу погребот, кој собра најголем број светски државници некогаш на едно место, ја отвори д-р Обрен Ѓорѓевиќ, поранешниот шеф на Службата за државна безбедност на Србија.

Имено, тој тогаш изјави дека телото на Јосип Броз Тито никогаш не било во ковчегот, туку дека таму имало песок.

Кога Јосип Броз Тито почина, некои членови на Претседателството на СФРЈ, пред сè Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеум, како оној на Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито, сепак, било полно со разни лекови, па затоа започнало предвреме да се распаѓа и да шири непријатна миризба околу него. Од медицински и хигиенски причини, пред се, Доланц, Микулиќ и Дороњски одлучија погребот да биде извршен без неговото тело.

Имаше песок во ковчегот што беше изложен во сојузното собрание на тогашна СФРЈ, рече Ѓорѓевиќ претходно за српските медиуми, кои со тоа ги открија сите мистерии.

Се разбира, дури и денес, многумина се прашуваат дали Јосип Броз Тито навистина бил погребан во Куќата на цвеќето, зошто на мермерната плоча нема петкрака и многу други прашања што се плод на разни теории на заговор или не.