Планот на Бајден, тој ги бара овие бројки од светските лидери. Се ќе биде познато во среда. Ќе мора да се вакцинира се по список!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

СAD планираат да купат дополнителни стотици милиони дози од вакцината Фајзер против ковид-19 за да донираат низ целиот свет, објави денес Вашингтон пост, повикувајќи се на два неименувани извори.
Купувањето треба да биде објавено следната недела, кога започнува седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, велат извори кои сакаа да останат анонимни.

Претседателот Џо Бајден ја истакна важноста на кампањата за вакцинација во светот како најдобар начин да се победи коронавирусот, а Белата куќа во петок треба да објави план за виртуелен состанок на врвот посветен за ковид-19 и тоа да се случи на маргините на самитот на ОН.
На тој собир, закажан за следната среда, Бајден треба да ги повика светските лидери да се обврзат на вакцинирање на 70 проценти од светската популација до 2022 година, пишува Вашингтон пост.

Оваа објава доаѓа во време на зголемени критики кон САД за недостаток на ангажман во светот во врска со вакцинацијата.
Владата на Бајден тврди дека САД имаат доволно дози за да им помогнат на другите земји, а во исто време да го вакцинираат своето население со третата доза, на што се противи Светската здравствена организација (СЗО).

САД купија 500 милиони дози вакцини во јуни за потребите на иницијативата Ковакс, поддржана од СЗО, а американските власти објавија дека тие ќе бидат насочени кон сиромашните држави.

Навигација на напис