Парното ќе поскапи 2,5 пати ако државата не му даде 25 милиони евра на „ТЕ-ТО“



ИЗВОР: АЛФА

Енергетската криза се продлабочува, долговите се трупаат, а од Власта и натаму немаат конкретна стратегија што понатаму. Ако државата не го субвенционира „ТЕ-ТО“ со 25 милиони евра, парното ќе поскапи 2,5 пати од сегашната цена, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат повисоки сметки бидејќи 70% од цената на килокалорија што ја троши еден стан, е учеството на гасот. На прашањето дали има решение со зелена енергија за актуелната состојба во енергетика и како треба да се справиме, Мицкоски вели дека излезот е многу скап и над 200 милиони евра.

  • Сега е доцна. Има решение, но чини многу пари. Недостасуваат близу 200 милиони евра во енергетскиот систем, покрај овие 25 милиони погоре спомнати, за да го затвориме билансот, потенцира лидерот на опозицијата и поранешен директор на „ЕЛЕМ“, сегашно „ЕСМ“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го критикува за неактивност шефот на државата, посочувајќи дека тој не ги коментирал последните случувања во земјава ниту, пак, презел нешто за енергетската криза која, според него, е и безбедносна.

Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Страчинце, Гази баба, одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.

Б.Г.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×