Падна шефот на Кавачкиот клан! Му се заканува затвор од 40 години



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Полицијата доцна синоќа го уапси наводниот водач на криминалниот кавачки клан, Слободан Кашчелан, во Котор, пренесува Вијести од Подгорица.

Според весникот, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, Кашчелан бил уапсен под сомнение дека организирал криминална група, која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканува казна затвор од 40 години.

Уапсени се уште најмалку четири лица.

Според Вијести, Кашчелан и тројца наводни членови на криминалната група биле уапсени во Котор и еден во Пљевља.

Кашчелан во полициските записи е означен како еден од водачите на кавачкиот клан, веднаш до Радоје Звицер.

Синоќа, полициската управа на Црна Гора не објави официјално соопштение за деталите за апсењето.