Отпис на долгови – предизборен поткуп, или реална помош за граѓаните?!



ИЗВОР: АЛФА

Отписот на каматите за дел од граѓаните и повеќе од очигледно е дека е предизборен поткуп, алармираат синдикатите одкако премиерот ја повтори мерката за отпис на долгови. Марјан Ристески вели дека оваа мерка е добра, но таа требало да се направи уште пред една година. Отписот на долгови во овој момент е само шминка, зашто каматите се наменети само за јавните претпријатија, но не и за приватните чии долгови се многу поголеми.

  • Ова е очигледно дека пред избори се прави нешто, но ако е пред избори, нека избришат каматите за приватните компании, нека донесат Закон за обликациони односи, нека прифатат олеснување за се, ние ќе го поздравиме ова решение, а не ова вака да биде, ова е само парцијално решавање на проблемите. Онај момент кога каматата ќе го стигне вистинскиот долг, тука треба да се замрзне каматата. Ваква камата каква што ја има кај нас во Македонија, ја нема никаде, ова е лудница, вели за Алфа, синикалниот претставник Марјан Ристески.

Дека мерката за отпис на долгови наликува на предизборен поткуп смета и Нури Бајрами, член на Антикорупциската комисија. Според него, оваа мерка може го припишува тоа на стандардна пракса во периодот пред изборите.

  • Дури и без таа да е намерата. Објективно, не е во ред бидејќи добро треба да се поткрепи кои категории, односно на јавноста мора да и е јасно што се постигнува со тоа. И затоа пред секои избори се повторуваат ваквите работи што според мене, едноставно, значи поткуп. Ништо друго, рече Бајрами.

Инаку, Владата преку нов закон планира на околу 150.000 граѓани да им бидат простени каматите на долговите кои ги имаат кон УЈП и јавните претпријатија, ако потпишат договор за отплата на главнината на рати. Мерката ќе важи само за физички лица и тоа за долговите на сметките за струја, парно и вода. Предлогот од Влада ќе му биде доставен на Собранието кое ќе ја има финалната одлука.

Борис Грујоски