Оризарите подготвени за масовни протести



ИЗВОР: АЛФА

Гнев и револт кај оризарите од кочанско. Пред стартот на жетвата, бараат итна средба со министерот за земјоделие. Доколу не се реши откупната цена на оризовата арпа,од Иницијативниот одбор  најавија масовни протести и блокирање на патиштата. Тврдат дека власта и понатаму е глува на нивните барања..

  

  -Доколку министерот и министерството и понатаму немаат слух за нашите барања, ние навистина ќе бидеме приморани да излеземе на патот и да ја бараме правдата. Имаме локална самоуправа, подрачна единица и никој земјоделецот не го прашува со што се соочува – изјави Здравко Арсов од Иницијативен одбор на оризопроизводители

Годинава официјалниот старт на  жетвата ќе задоцни од 10-15дена. Во моментот се жнеат само полињата посеани со раните сорти на ориз. Од Иницијативниот одбор на оризарите објаснуваат дека донеле одлука да продаваат само оризова арпа.

   –Ние го бараме следното, од 25 до 30 денари по килограм да се продава оризовата арпа. Во просек ако бидат од 500 до 600килограми,по 15 денари ако ни ја откупуват ќе добиеме 9000, а ние имаме 6000денари трошоци, што значи дека производната цена е поголема од откупната цена-изјави Здравко Арсов –Иницијативен одбор на оризопроизводители

Дождот дополнително им предизвика проблеми на оризопроизводителите. Околу 30% им се оштетените приносите, а во амбарите се уште има неоткупена оризова арпа од минатогодишната реколта. Поради сушата , во споредба со лани , оризот е намален за една третина. 

Александра Ристевска