Општина Тетово задолжена за преку 24 милиони евра-досегашната ревизија открива сомнителни активности



ИЗВОР: АЛФА

Фантастични 24 милиони евра е долгот на општина Тетово,што ја става на врвот на листата најзадолжени општини во државата.Градоначалникот Биљал Касами вели дека сеуште е во тек внатрешната ревизија на целокупното работење на предходната локална власт-открива многу сомнителни активности и малверзации за кои дополнително ќе информирал.

Во структурата на долгот има дел кој е сомнителен, внатрешната ревизија ќе покаже како е создаден долгот.Дел од долгот е со соминтелни активности, кои не се ниту преземени.Следната недела кога ќе имам поконкретни информации ќе објавам еден значаен дел од долгот кој е направен само преку едно физичко лице,но уште ги истражувам сите информации во тој дел-рече Биљал Касами-Градоначалник на општина Тетово.

Освен задолженоста,Тетово со години е и општина во која има превработеност,со што дополнително буџетот се трошел беспотребно.Касами кратко по преземањето на функцијата објави и список на вработени во општината, од кои дури половината или околу 350 биле хонорарци кои воопшто не оделе на работа.Но,ова вели,го практикувале дури и оние со редовен работен однос.

Задолжени се училиштата, претпријатието за паркинзи, а најмногу комуналното со близу 10 милиони евра долг, каде вработените со месеци немаат земено плата.Инаку,овој период лани, општина Тетово беше задолжена за близу 10 милиони евра.што значи за само една година пораснал за над 14 милиони,а најмногу изминативе месеци кога беше предизборен период и се започнуваа бројни проекти,од кои во моментобв дел се прекината поради ревизијата.

Милена Вучевска

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×