Од свoјата сестра украл злато вредно 50.000 евра – Фокус


М.А. (31) од гостиварско село, кој се сомничи дека изминатите два месеца, во повеќе наврати, од куќата на својот татко одзел златен накит вреден 50 до 60 илјади евра, денеска е лишен од слобода.

Златото било сопственост на неговата сестра, а М.А. го продавал на други лица. Кражбата денеска во 15 часот ја пријавил таткото.

– Advertisements –

Како што соопшти МВР, приведен е од полициски службеници на СВР Тетово околу 16 часот. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ИЗВОР. ФОКУС