Од државјанство, до марихуана – Власта го злоупотребува европското знаменце



ИЗВОР: АЛФА

На брза летна се редат законите во собранието кои треба да се изгласаат со европско знаменце. По законот за државјанство, сега со знаменце ќе се гласа и законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции за лична употреба. Дел од аналитичарите велат носењето на закони со европско знаменце се злоупотребува се повеќе. Давањето предзнак на законите дека се во согласнот со ЕУ регулативата, не се користи за тоа што е предвидено туку за по брза постапка да се донесат закони кои се во интерес само на владата, сметаат дел од експертите.

Познавачите на проблематиката велат  носењето закони по скратена постапка оневозможува транспарентност и инклузивност на процесот, односно да бидат ислушани субјектите на кои се однесува законот и експертската јавност, а со тоа и ја поткопува демократијата во законодавниот дом.

За законите кои се најјактуелни овој период, европското знаменце дозволува време на дебата во Собранието ограничено само на два дена. Власта за законите кои се со европско знаменце велат дека имале дел од европските закони, експертите велат дека се додаваат само ситници кои се во согласност со ЕУ регулативата само со цел да се добие европската sвездичка како предзнак, а опозицијата веќе повеќе пати реагира дека грубо се злоупотребува европското знаменце. Повеќе пати Европската комисија реагираше во своите извештаи дека праксата треба да престане.

Законите кои се треба да се носат со европско знаменце се закон за државјанство, закон за трговија, закон за рамномерен регионален развој и законот за опојни дроги кој се уште не е пристигнат во собранието.

Мери Ѓорѓиевска