Огромна дива депонија пред православните гробишта во Тетово, градот се дави во смет,надлежните спијат



ИЗВОР: АЛФА

Огромна дива депонија пред православните гробишта во Тетово.Мебел, изнутрици од животни, коски ,секаков отпад од кој се шири неподнослива смрдеа и зараза.Граѓаните велат,ова е срам за градот и властите.И не само овде, туку цело Тетово се дави во ѓубре,а инспекции и казни нема.

Владо Наумовски живее веднаш до православните гробишта. Нема вели институција каде не се обратиле,но,никој не чувствува одговорност за овој срам.

Реагираа и во ВМРО ДПМНЕ.Ова непочитување на туѓото минато и светите места е крајно жално и срамно.

  • Не ли е срамота лажењето на властите дека го исчистиле местото,каде почиваат православните Македонци во Тетово.Дали е ова доказ дека ние не сме рамноправни граѓани во овој град.Дали вака се искажува почит кон нашите предци-рече АНГЕЛ КАРАПЕТРОВ- Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ -Тетово.

Периодов целиот град е преплавен со смет.Во комуналното велат дека тие го собираат,но, проблем било што ѓубрето се носело и од други населени места.Бараат да се вклучи полицијата и инспекциските служби кои, речиси десет години, немаат пишано казна.На градоначалничката Теута Арифи пак, периодов се чини приоритет и се предизборните активности, отколку да го исчисти градот.

Милена Вучевска