Ова е најбезбедниот град во светот. Во него сите сакаат да живеат, има и Македонци



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Копенхаген е најсигурниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена оваа година.
Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, добивајќи 82,4 од вкупно 100 поени.Зошто Копенхаген е најбезбедниот град?
„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

“Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и помошникот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште”, додаде тој.
Канадскиот Торонто го зазеде второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени. Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му беа доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

Холандскиот Амстердам е шести, додека Новозеландскиот Велингтон го освои седмото место. Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на 10-то место.
Њујорк го дели 11 -то место со Барселона, Шпанија (двата града постигнаа 77,8 поени). Вашингтон се наоѓа на 14 -то место, додека Лондон и Сан Франциско се изедначени на 15 -то место.
На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.

Навигација на напис