ИЗВОР: КАНАЛ 5
Соединетите држави се најтешко погодени од пандемијата на „Ковид 19“ – повеќе од седум милиони луѓе се заразени, а повеќе од 200.000 починале.
На второ место е Индија со скоро шест милиони пациенти и повеќе од 91.000 смртни случаи.
Бразил е на третото место според бројот на заразени – 4,6 милиони луѓе се заразени со коронавирус, а повеќе од 138 000 починале.
Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, каде што се разболеле 1,1 милиони луѓе и починале скоро 20 000 лица.
СЗО објави дека 156 земји се приклучиле на таканаречениот КОВАКС (глобален план за вакцинација),што планира да испорача околу две милијарди дози вакцини на глобално ниво до крајот на следната година, но дека недостасуваат големите земји како Кина, Русија и САД.
Другите земји ќе се регистрираат за глобалниот план за вакцинирање, а некои од доцнењата беа заради процедурални проблеми, а не поради сомневањата во оваа шема, изјави денес портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.
А, јужнокорејските здравствени експерти денеска предупредија за потенцијална епидемија на таканаречената твиндмија (истовремена епидемија на грип и коронавирус) во текот на зимата.
Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КДЦА), исто така, претходно потврди случај на преклопување на обете респираторни заболувања.