Нови 1.166 ковид-случаи од 6.458 тестирања – Фокус


Министерството за здравство информира во последните 24 часа се направени 6.458 тестирања, а регистрирани се 1.166 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 375, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

– Advertisements –

Досега, во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 171.576 лица.

ИЗВОР. ФОКУС