Ни кај Папата не можете да одите невакцинирани, треба да имате зелен пасош



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Од 1 октомври, влезот во Ватикан ќе биде дозволен само за лица со исправен сертификат за ковид, објавија ватиканските власти во понеделникот.
Секој жител, вработен или посетител на Ватикан ќе треба да покаже потврда дека е вакциниран против Ковид -19, дали имал прележано инфекција или има негативен тест за коронавирус.

Ќе се признава ЕУ ​​ковид потврда, ватикански зелен пасош или други странски сертификати, објави Ватикан и најави дека ватиканската жандармерија ќе изврши проверки на влезовите.
Новите правила нема да важат само кога верниците присуствуваат на мисите и литургиските прослави во Ватикан. На нив им се апелира се да ги почитуваат правилата за хигиена.

Навигација на напис