Не ги кочете преговорите со Македонија! Баталете историја



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Преговорите со Република Северна Македонија и Албанија да започнат сега, побара германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас на виртуелниот состанок на земјите учеснички во берлинскиот процес. Ние разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување, рече тој. 

Според Маас, сите нации низ цела Европа носат историски товар. Но, историјата не треба да биде пречка за градење на заедничка иднина. 

Хајко Маас рече дека имало „мал напредок во некои области“ во последната година. Сепак, германскиот министер за надворешни работи целосно ја разбира фрустрацијата во регионот со процесот на проширување на ЕУ.

Да ги удвоиме заедничките напори. Иднината на сите шест земји од Западен Балкан е во Европската унија – Германија останува целосно посветена на оваа цел, рече Хајко Маас. Тој објасни дека земјите од Западен Балкан мора да го зајакнат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и организираниот криминал, да ја заштитат слободата на медиумите и да создадат простор за процут на демократијата.