Нема крај на апетитот на Ахмети – сега бара Албанец за претседател на државата



ИЗВОР: АЛФА

Садењето дрвја и зелената агенда на ДУИ изгледа не беа доволни во предизборието, Ахмети вети и албанец претседател на државата. Премиерот Заев пак вели тоа била добра амбиција на неговиот коалиционен партнер, но за да се исполни истата требало да има поддршка и од македонското население во државата.

За ваква димензија на политика за албанец претседател навистина ќе го чекам моментот кога граѓаните и македонци и албанци и срби и власи и турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин не македонец во оваа наша заедничка земја и овде сите сме родени, татковци и дедовци ни се родени и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на непосредни избори каде гласаат граѓаните, тоа не се договара политички , партиски тоа е невозможно, его бира парламент или бира Влада – изјави премиерот Заев.

Изјавата на премиерот дека го чека моментот кога граѓаните ќе бидат подготвени за претседател Албанец доаѓа откако на митинг во скопски Чаир, Ахмети побара од граѓаните да гласаат за Шилегов и им вети дека по Пендаровски, Македонија ќе добие Албанец за претседател.

“После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец”, говореше синоќа Ахмети.

На минатите парламентарни избори интегративците користеа слична реторика, тогаш бараа Албанец за премиер, на што партијата на Заев се противеше, за потоа да попуштат и да се најде решение последните 100 дена од мандатот, Заев да го напушти премиерското столче, а на него да седне предлог на ДУИ.

Мери Ѓеорѓиевска

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×