Нема договор со Бугарија без датум за ЕУ – Фокус


Постои простор за решение за сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој на Канал 5 изјави дека во моментов Владата работи на одговор на предлогот-решенијата на Софија во однос на петте прашања, но претходно треба да се состане историската комисија.

– Advertisements –

Османи не кажа конкретно дали кон крајот на месецов и почетокот на ноември ќе се потпише протоколот со Бугарија.

-Доколку се постигне договор за тие пет точки, треба да има уште една точка, а тоа е да има поддршка од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција на одреден датум. Мора да има пет плус две точки за да има договор – рече тој.

ИЗВОР. ФОКУС