ИЗВОР: КАНАЛ 5
Секоја година во нашата земја, во периодот од 2012-2021г., според Институтот за јавно здравје има по 6.908 нови случаи заболени со рак. Прва причина за смрт кај мажите е ракот на белите дробови, а кај жените е ракот на дојка. Скопскиот регион предничи во абнормални заболувања. По смртност од карцином на белите дробови сме меѓу првите земји во Европа.
Пушењето како најголем ризик
Најлошо од сè е што ракот на бели дробови е злоќудна болест која практично нема никакви симптоми, сè додека не биде во поодмината фаза кога практично лечењето е невозможно.
Според лекарите најважно е да се подигне свеста од опасностите што ги носи ракот на белите дробови.
Симптоми
Ракот на бели дробови најчесто нема рани симптоми, пациентот може да биде болен, а да не знае за тоа. Првите негови симптоми се појавуваат кога болеста напредувала и тие се:
-кашлица што трае подолго од две недели
-искашлување крв дури и во помала количина
-краток здив
-болка во градите
-зарипнатост
-губење на тежината
– болка во коските
-главоболка
Ризик фактори:
Пушење – ризикот од ова заболување расте со бројот на цигарите што ги пушите секојдневно, како и тоа колку години пушите. Престанокот на пушењето значително го намалува ризикот од развој на рак на бели дробови.
Изложеност на пасивно пушење – дури и ако не сте пушач, ризикот од оваа болест се зголемува доколку сте изложени на пасивно пушење.
Семејна историја на болеста – лицата чии родители, или брат или сестра, имале рак на бели дробови, имаат зголемен ризик од оваа болест.
Превенција
Не постои начин да се спречи ракот на белите дробови, но ризикот може да се намали.
-Не пушете!
Ако не сте пушач, не почнувајте да пушите. Разговарајте со децата за тоа колку е опасно да пушат, бидејќи така ќе го избегнат главниот ризик фактор за појавата на оваа болест. Многу е важно уште од рана возраст да разговарате за ова со вашите деца за да знаат како да реагираат доколку нивниот врсник ги притиска.
-Оставете ги цигарите!
Доколку престанете да пушите, го намалувате ризокот од појавата на оваа болест, иако сте пушеле со години. Поразговарајте со вашиот лекар за стратегиите и средствата околу престанокот на пушењето кои би ви помогнале полесно да се одвикнете од оваа опасна и штетна навика.
-Избегнувајте пасивно пушење
Ако живеете или работите со пушач, поттикнете го да престане да пуши или нека пуши надвор.
-Внесувајте здрава храна богата со овошје и зеленчук
-Вежбајте затоа што физичката активност е важна за целокупното здравје