На 2 август Мицкоски ни честиташе Велигден место Илинден. Место да се пука од црешовото топче на 41 степен ќе треба да се вапцаат јајца (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски традиционално 2-ри август, големиот македонски државен и верски празник, Илинден, го слави во Ташмаруништа. Така беше и оваа година. На својот настап пред симпатизерите на опозицијата и другите граѓани кои дојдоа да го проследат неговиот настап во Ташмаруништа, Мицкоски повика на обединување против власта на СДСМ и Зоран Заев.

Како што истакна Мицкоски, тој повикува на обединување против актуелната власт, а тоа ќе било повеќе од коалиција и ќе биде блок составен од жедни за правда и подобар живот.

Според Мицкоски одлуката на претседателот на државата, Стево Пендаровски да нема говор на Мечкин камен е резултат од стравот на народот. Тој одби да биде дел од новиот концепт на прослава на Илинден на Пендаровски бидејќи тоа за Мицкоски бил циркуски церемонијал.

Од Ташмаруниште Мицкосики им го честиташе Велигден на македонските граѓани. Што предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи. Дали од замор, дали од топлото време или од некоја друга причина, сепак на Мицкоски се почесто му се случуваат вакви гафови.