На никој не му е јасно што се случува, нова смрт во хрватската војска. Трета “жртва” за еден месец



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

На подрачјето на вараждинската жупанија денес е пронајден мртов припадник на вооружените сили на хрватската армија, соопштија од хрватското Министерство за одбрана.

Откако пред еден месец беа пронајдени телата на двајца мртви војници, едниот во бјеловарско-билогората жупанија, а другиот во загребската жупанија, денес е пронајден уште мртов припадник на вооружените сили на хрватската армија во областа на вараждинската жупанија, објави хрватското Министерство за одбрана.

Истрагата е во тек, а припадници на полицијата, Воената полиција и Државното обвинителство ги утврдуваат околностите на несреќата.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ и припадниците на Министерството и хрватската армија изразија жалење и испратија сочувство до семејството.

Телата на војниците кои починаа минатиот месец беа пронајдени во период од два дена.