Најголемиот криминал се прави со урбанистичкото планирање – Фокус


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Твоја партија, Александар Тортевски, во вечерашната дебата на „360 степени“ вели дека урбанистичкото планирање е извор на огромен криминал и во градот Скопје и во државата.

-Би рекол дека е еден од најголемите. Урбанистичките планери се поврзани со инвеститорите кои имаат намера да градат. Даваат понуди за смешни цели за урбанистичко планирање кое е пресериозна работа. Имаме случаи каде прифатено е планирање и изработка на урбанистички план за едно евро по хектар. Меѓутоа, тој планер е договорен со потенцијален инвеститор кој ќе му даде неколку стана откако ќе ја заврши зградата и однапред се знае тој инвеститор кое државно земјиште ќе го докупи за дооформување на парцелите. Тука се прави најголемиот криминал. Имаме во центарот на Скопје случај каде што исклучително скапо земјиште е продавано по едно евро за квадрат за доофурмување на парцела и таму подоцна никнува огромна зграда, рече Тортевски.

– Advertisements –


ИЗВОР. ФОКУС