Може ли во услови на пандемија да се реализира безбеден попис?



ИЗВОР: АЛФА

Колку во услови на пандемија може да има безбеден попис?Ќе биде ли здравјето на граѓаните и на попишувачите доведено во опасност при изведувањето на ваква масовна статистичка операција? Особено имајќи го предвид фактот за физичко присуство на попишувачите во домовите на граѓаните и посетата на голем број домаќинства. И времето потребно да се попишат со поставување на сите предвидени прашања.

Граѓаните на социјалните мрежи од политички, но и од здравствени причини веќе најавуваат бојкот. Министерот Филипче пак свесен дека спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но е оптимист е дека државата има капацитет за тоа. Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот ќе биле на располагање за носење на протоколите за како што вели ваква комплексна операција.

“Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес. Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји”, вели Филипче.

Од друга страна директорот на Државниот завод за статистика вели дека бојкотирањето на пописот повлекува и кривична одговорност. 

“Во случај да не се дадат податоци, а е обврска по закон, тоа ќе биде санкционирано. Ќе поднесеме до обвинителството, но и на мотиваторот на таквото дејство, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Собранието вчера со 62 гладса за, но без консензус го усвои законот за попис. Потребното мнозинство на СДСМ и ДУИ овој пат им го обезбедија Алијанса за Албанците и Алтернатива. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политички дил на партнерите од  власта и најавува собирање 10 000 потписи за поништување на Законот за попис. Најголемата статистичка операција треба да се реализира од 1 до 21 април.Ќе се попишуваат резиденти, но и граѓани кои не живеат во државата повеќе од една година, како и вкупното население.

Градимир Марковски