Мицкоски за изборите: Тоа не е тема за на зелен пазар


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска вели дека така би се прекршил Уставот, во случај Заев да бара согласност од партиите за датумот за локалните избори.

„Датумот на избори не е тема за којашто ние ќе зборуваме на зелен пазар, тоа е тема што ја дефинира Уставот и треба да прекинеме со праксата да го кршиме Уставот. Како што е во него дефинирано, така ние треба да се однесуваме и тоа треба да го применуваме. Ако Уставот вели мандатот на градоначалниците и советите е 4 години, тогаш после 4 години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Ова не треба да биде тема за дневна политика“, истакна Мицкоски.

ИЗВОР. ФОКУС