Место вакцини им дале физиолошки раствор. Се шокирале кога откриле дека се девет илјади, а не се само шест лица



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Речиси 9.000 луѓе во Германија ќе треба повторно да примат вакцина против коронавирус, откако беше откриено дека добиле физиолошки раствор наместо вистинската вакцина, пишува Дневник.хр

Тоа се вкупно 8.557 луѓе кои можеби не биле целосно или делумно заштитени со вакцинација, иако претпоставувале поинаку, рече во вторникот гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози.

Локалните власти ги повикаа граѓаните вакцинирани во тој период да се јават за да ја примат вистинската доза од вакцината, а беше отворена и телефонската линија за итни случаи.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, постои основано сомнение дека физиолошкиот раствор го применила една медицинска сестра вработена во локалниот центар за вакцинација.

Подоцна беше утврдено дека физиолошкиот раствор го примале главно луѓе постари од 70 години кои дошле по нивната доза во периодот помеѓу 5 март и 21 април.

Бидејќи не знаеме точно колку од нив добиле обичен физиолошки раствор наместо вакцина, бидејќи зборуваме за период од седум недели, им понудивме на сите да ја повторат вакцинацијата, велат од локалниот Кризен штаб.

Скандалозниот случај беше откриен на крајот на април, но се претпоставуваше дека се работи за само шест инјекции исполнети со физиолошки раствор.

Во истрагата за овој случај се вклучи и специјален повереник за политички мотивирани злосторства, бидејќи осомничената медицинска сестра сподеувала критички ставови за вакцинацијата на социјалните мрежи.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×