МЕПСО тоне во долгови, а троши 125 илјади евра за авио билети, обвини ВМРО-ДПМНЕ


Раководството на МЕПСО, иако тоне во долгови, во август потпишале договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.

– Advertisements –

Ова покажува дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата. Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин, изјави Горан Николов, член на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

Опозициската партија побара одговорност за овие обвинувања.

ИЗВОР. ФОКУС