МВР: 122 казни во Скопје, 51 за брзо возење



ИЗВОР: АЛФА

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни во јавен превоз.

Изречени се пет санкции за некористење сигурносен појас, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 28 санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.