Маск бара 10.000 работници, дипломата не е неопходна



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Илон Маск на Twitter сподели оглас за работа со објаснување дека за фабриката во Тексас се потребни 10.000 работници.

„Пет минути од аеродромот, 15 минути до центарот на градот, баш на реката Колорадо“, напиша Маск.

Во оригиналниот твит на компанијата се наведува дека факултетската диплома не е услов за вработување.

Иако Tesla има добра соработка со повеќе универзитети, сепак тој прима работници кои се и без работно искуство, тукушто излезени од средно училиште, а кои сакаат да изградат кариера во фабриката додека продолжат со школувањето.