Луѓето во Петриња останаа без домови поради земјотресот, а поранешниот градоначалник имаше џакузи во својата канцеларија



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Поранешниот градоначалник на Петриња, Даринко Думбовиќ, беше критикуван за корупција по земјотресот во овој град. Тој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради многу полемики поврзани со неговото име.

Дефинитивно ќе земам шест плати, а жал ми е што не се 12 плати. Ова е изјавата на сега веќе поранешниот градоначалник на Петриња, кој во понеделникот и ја предаде должноста на Магдалена Комес од ХДЗ, која победи на изборите. Поранешните градоначалници имаат право на шест месеци целосна плата и уште шест месеци половина плата.

Поранешниот градоначалник на Петриња, кој го привлече вниманието на јавноста по разорниот земјотрес во тој град беше напаѓан за разни коруптивни зделки, ова го рече на денот на примопредавањето на власта на која дојде со автомобил Крајслер. Тој луксузен автомобил не е запишан во неговиот имотен лист.

Како што им покажа на новинарите новата градоначалничка Магдалена Комес, Думбовиќ имаше када со џакузи во канцеларијата на градоначалникот.

Покрај џакузи, Думбовиќ ја остави новата влада и долг во градската каса од скоро 9 милиони куни.

Многу контроверзии се појавија околу Думбовиќ по земјотресот. Тој е поранешно угостител по професија, а потоа почна да прави политичка кариера менувајќи повеќе партии.

Тој беше обвинет за голем неред во дистрибуцијата на хуманитарната помош по земјотресот што ја погоди Банија, а се појавија и скандали поврзани со неговиот имот.

Милионски зделки за реновирање во Петриња му беа доделени на еден тинејџер, а исто така и градежната компанија на синот на Думбовиќ работеше на реновирањето.

Со оглед на тоа дека Думбовиќ беше следен од фоторепортери во месеците по земјотресот, стана јасно дека поранешниот градоначалник на Петриња е љубител на скапи брендови за облека.

Думбовиќ во јавноста се појавуваше во јакна со логото на луксузниот дизајнер Филип Плеин. Цените на јакните на веб-продавницата на оваа луксузна марка се движат од 98 евра до 2650 евра. Думбовиќ тврди дека и платил 2.000 куни со попуст.

Тој се појави во друга јакна на Филип Плен и во јакна од Пол и Шарк.

И уште еден куриозитет за Думбовиќ: Тој дипломирал на 60-годишна возраст, во странство. Се здоби со титула дипломиран менаџер на студиите за оперативен менаџмент на Факултетот за менаџмент во Сремски Карловци.