Лука летува со девојката во Грција а фановите се збунети од неговиот потег (ФОТО)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

По напорната НБА сезона и успешните летни олимписки игри, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ одлучи да се одмари во Грција.

Во пресрет на новата НБА сезона, ѕвездата на Далас го користи слободното време да ги наполни батериите на грчкиот остров Миконос. А друштво му прави неговата понежна половина Ана-Марија Голтес.

Лука и Ана-Марија се забележани во еден популарен ресторан на Миконос, а тоа што најмногу ги изненади неговите фанови е тоа што Дончиќ пуши наргиле.

Лука Дончиќ со неговата репрезентација Словенија заврши на четвртото место на ЛОИ во Токио, а веќе наредните денови го очекува припреми за новата НБА сезона со екипата на Далас. Далас првите натпревари од претсезоната ги игра против Јута, ЛА Клиперс, Шарлот и Милвоки, а почетокот на новата сезона за Дончиќ е на 22 октомври кога Далас ќе ги одмери силите против Аталанта Хокс.