Ливерпул го победи Милан – Фокус


Ливерпул го совлада Милан со 3-2 во неверојатен натпревар на „Енфилд роуд“. Црвените“ поведоа со автоголот на Томори во 9. минута, а само пет минути подоцна можеа да ја удвојат предноста, но Салах не успеа да реализира пенал. Следеше „блиц-крик“ на „росонерите“ кои за само 110 секунди преку Ребиќ и Дијаз успеаја да направат целосен пресврт и на пауза да заминат со водство од 1-2.

Во вториот дел Салах се извади за промашениот пенал со голот во 47. минута, додека конечните 3-2 ги постави Хендерсон во 69. минута.

– Advertisements –

Пари Сен Жермен и покрај триото Меси, Нејмар, Мбапе не успеа да слави на гостувањето кај Клуб Бриж и одигра само 1-1. Реал Мадрид го совлада Интер со 0-1, а Атлетико Мадрид одигра без голови против Порто.

Во натпревар со девет голови Манчестер Сити славеше над Лајпциг со 6-3.

ИЗВОР. ФОКУС