Лажат дека Бугарија и Хрватска не даваат. ЕУ не сака проширување. Македонија направи се и не доби ништо



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека влезот на Србија во Европската унија не зависи само од Белград, додавајќи дека во самата Унија има заситеност на проширувањето.

Нема желба за проширување во ЕУ. Ќе сториме сè, постигнавме напредок во владеењето на правото, бевме конструктивни во разговорите со Приштина, но дали нешто добивме? Ништо. Постои политичко заситување за проширувањето на ЕУ, рече Вучиќ за телевизијата Еуроњуз.

Наведувајќи дека во последниот извештај на Европската комисија се наведува дека Србија напредувала, Вучиќ вели дека има забелешки, како и дека државата не бега од својата одговорност.

Не бегам од нашата одговорност, моравме побрзо да направиме милион работи во владеењето на правото, рече Вучиќ.

Тој додава дека Србија е подготвена за два кластери, дека за кратко време успеа да ги направи работите што и беа побарани, но дека не беше наградена на кој било начин.

Без оглед на неотворањето на поглавјето, Вучиќ вели дека Србија ќе продолжи да работи и додава дека Србија економски веќе ги престигнува некои земји-членки, како и дека се развива многу побрзо во таа смисла.

На прашањето за проблемот за кој ЕУ ја обвинува Србија и се однесува на корупција, српскиот претседател рече дека е направено многу за тоа прашање, но дека тоа не е доволно.

Дел од вината е несомнено на наша страна, но тоа не зависи само од нас и сите го знаат тоа, рече тој, посочувајќи дека Северна Македонија го завршила очекуваното, односно го сменила името, како и имиња на автопати, аеродроми и споменици.

Зошто тогаш тие не им отворија ниту едно поглавје, праша Вучиќ, нагласувајќи дека приказните за тоа како Бугарија или Хрватска не даваат се приказни за мали деца, објави Танјуг.