К-15 за дел од администрацијата – граѓаните гневни, синдикатите лути



ИЗВОР: АЛФА

Не запираат реакциите во јавноста откако владата реши да исплати  К-15, само на дел од државната администрација.  Без регрес за годишен одмор ќе останат вработените во образованието, здравството, културата, полицијата и комуналните претпријатија. На толку неспособност во администрацијата, наместо да им се скрати по една плата,  им се дава К-15 коментираат граѓаните по социјалните мрежи.

За енормното залагање со седење дома, јавната администрација ќе добие К 15. А приватниот сектор си моли за поддршка за плати…

Администрација ќе зима К-15, значи ние приватниците двапати ќе плаќаме, еднаш на нашите и еднаш на војскава партиска. Фер, нема што!

јавната администрација годинава ќе си лапала К15! Да ги почастиме ние што не престанавме еден ден да работиме, тие што пола година не се ни појавија на работа, а другата половина ја отспаа – реагираат граѓаните по социјалните мрежи.

На селектривната исплата на годишен регрес реагира и Кофедерацијата на слободни синдикати. Од таму проблемот го лоцираат во потпишувањето колективен договор само за дел од администрацијата и потсетуваат дека минатата година К-15 не им беше исплатен.

Колективниот договор кој се потпиша во 2019 година, кажавме и тогаш дека е дискриминарачки. Се потпишува за 55 илјади, а само 17 илјади имаат право на К-15. Го потпиша синдикат кој има 4500 членови и потпиша колективен договор за 55 илјади.  И тоа се беше се пред пандемијата, каде што требаше популизам. Знаеме дека минатата година сите тие вработени имаат право на годишен регрес  и ни ги повикуваме сите тие работници да тужат и да си го остварат нивното право-рече Ралповски.

За едни државата е мајка за други маќеа реагираат и од СОНК.

  • Вакви заеднички прашања од заеднички интерес, кои што е финансираат од централниот буџет на државата мора да се регулираат со општ колективен договор. Ова навистина е неправда, се работи за околу 50тина илјади буџетари кои што ќе го имаат ова право а останатите 70-ти илјади ќе го немаат – рече ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОНК.

Со ребалансот на буџетот се предвидени речиси 4 милиони евра за исплата на К-15 за околу 27 илјади вработени во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, затворите, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други органи основани од Собранието.

Викторија Миткова