Критичар на Ердоган нападнат во Германија. Нема повеќе да пишуваш. Долга е раката на султанот!?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Турскиот новинар, Ерк Аџерер, кој е отворен критичар на претседателот Реџеп Таип Ердоган и живее во егзил во Германија, беше повреден откако беше нападнат од три лица пред неговата куќа.

Според светските медиуми, тројцата напаѓачи наводно го предупредиле да престане да пишува.

Ерк Аџарер, колумнист за турскиот весник Биргун, во видеото објавено на Твитер рече дека нападот се случил во дворот на неговиот дом надвор од Берлин, пренесува агенцијата АП.

Тој има оток на главата и беше задржан во болница неколку часа на опсервација.

Берлинската полиција го потврди нападот, наведувајќи дека Аџарер бил нападнат од неколку лица во областа Рудов.

На видео на Твитер, Аџарер рече дека еден од напаѓачите го предупредил на турски: „Повеќе нема да пишуваш“. Претходно, новинарот ја објави својата фотографија, пишувајќи дека бил нападнат со тупаници и ножеви.

Ги познавам напаѓачите. Никогаш нема да се покорам на фашизмот, напиша Аџарер.

Тој беше меѓу групата новинари кои беа гонети за известување за погребот на турскиот разузнавач, убиен во Либија и погребан тајно. Пет новинари се осудени за кршење на законите на турските разузнавачки служби и откривање на доверливи информации, а постапката против Аџарер продолжува.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×