Кратко, дрско и отсечно не- Заев нема намера да си даде оставка и ако ги загуби изборите



ИЗВОР: АЛФА

Оставка по се изгледа е збор кој го нема во речникот на Зоран Заев. Не!, вака со само еден збор отсечно премиерот одговори дали би размислил за заминување од функција, доколку неговата СДСМ доживее пораз на локалните избори. Поточно дали ќе ја напушти премиерската позиција, ако СДСМ по 17-ти октомври има помалку советници во општинските совети од опозицијата.

-(СЕ НАОЃАМЕ НА ШЕСТ ДЕНА ДО ИЗБОРИТЕ, ДАЛИ ДОКОЛКУ СДСМ ИМА ПОМАЛКУ СОВЕТНИЦИ НА КРАЈОТ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, МОЖЕБИ БИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА?) НЕ! (НЕ БИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА…), порача Заев.

Доколку се гледа реториката на премиерот, зборот оставка е еден од оние кои баш и не сака да ги слуша. Претходно кога беше прашан дали лично размислил за оставка од морални поради трагедијата во Тетово, одговори со малку повисок тон.

-(ДАЛИ ВИЕ ЛИЧНО РАЗМИСЛИВТЕ ЗА ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ ПОРАДИ ОВАА ТРАГЕДИЈА?) За што Мицкоски да дојде премиер да биде? Не размислувам, затоа што ќе бидат премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, кога ќе заслужат, кога ќе имаат емпатија со народот, кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеи, а не вака грозотијата да ја користат на навистина на најперфиден, најлош начин, изјави Заев.

Подоцна за премиерот стана и банално да се прашувало за негова или одговорност на некои од неговите владини колеги за трагедијата во која живи изгореа 14 луѓе.

-(КАЖАВТЕ ДЕКА НЕМА ДА ПОНЕСЕТЕ ЗА ДА НЕ БИДЕ МИЦКОСКИ ПРЕМИЕР, ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВИЕ СТЕ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН И ВО ВАШАТА ПАРТИЈА НЕМА НЕКОЈ СПОСОБЕН ДА ВЕ ЗАМЕНИ?) Мислам дека ниту е соодветно на почитта кон пензионерите, ниту кон манифестацијата која ја имаме. Никако нема да дозволам понатаму да навлегувам во делот одговарање на прашањето, затоа што сигурно и вие приметивте дека станува банално ова целото ова. (ШТО БАНАЛО ПРЕМИЕР ДА СЕ БАРА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈА?) Моралната одговорност е испорачана господине новинар од страна на директорот, економскиот директор, заменик министерот и министерот, изјави Заев.

Премиерот пред околу една недела ги одби оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Според Заев одговорноста за трагедијата не била кај нив, но сепак чудно е зошто оставките не беа прифатени, кога тие беа од морални причини, а не поради некаква вина.

Матеја Петровски