Костадинов најави дисколација на Огражден, Дрвошанов возврати со Еленица – Фокус


Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, најавува дека ќе поддржи иницијатива за дислокација на рудникот „Огражден“, кој, според него, ја загадува животната средина.

-Јас сум сигурен дека таму има вработени луѓе и треба да бидеме претпазливи и да се согласиме да направиме референдум за негова дислокација, а еден од сопствениците е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин, ќе покажеме спремност и готовност како да се избориме за поздрав воздух – рече Костадинов.

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, пак, на дебатата на ТВ 24 возврати дека „Еленiца“ во сопственост на Заеви е многу поголем загадувач отколку „Огражден“.

-Има податоци дека има користен нафтен кокс, кој е десет пати поголем загадувач од било кое гориво, а Заев пред некоја година ја укина акцизата за да користат. Бројките од три ипол илјади тона, кои ги користеше годишно „Еленица“, покажуваат дека таа е најголем загадувач – рече Дрвошанов.

ИЗВОР. ФОКУС