Колку би чинела денес нова Застава 101? Ќе ве изненади цената на популарниот “стојадин” кој беше симбол на една држава



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Застава 101, популарно позната како Стојадин или Сто-Кец, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, и беше создадена врз основа на тогаш технички многу модерниот Фиат 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во денес доминантната хечбек варијанта.

Петтата врата беше реткост во тоа време, а Застава 101, покрај својот пробив во дизајнот, беше привлечна и за клиентите поради поволната цена.

Овој модел брзо стана најпродавано возило на Застава во поранешна Југославија и поради неговата прифатлива цена, постигна значителен извозен успех, пред се во земјите од Источна Европа, но и низ целиот свет. Фејсбук страницата, Застава 101 форум објави извадок од списанието АВТО, објавено уште во 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел. Како што можете да видите, цената во тоа време беше 40.040 динари, или 2.084 долари.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните речиси 50 години, доаѓаме до податоците дека денес Застава 101 би чинела точно 11.441 евра, а сами проценете дали е тоа многу или малку.