Кина да престане да ги краде нашите тајни



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во интервју за Си-Би-Ес изјави дека Кина неодамна започна да дејствува поагресивно во странство и станува се понепријателски настроена, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали Вашингтон се насочува кон воена конфронтација со Пекинг, Блинкен рече дека не само ако дојде до тоа, туку дури и самото размислување за тоа, е спротивно на интересите на Кина и на Соединетите држави.

Тоа што го видовме во последните неколку години е дека Кина делува порепресивно дома и поагресивно во странство. Тоа е факт, рече тој.

На прашањето за наводни кражби на трговски тајни и интелектуална сопственост од страна на Кина, Блинкен додаде дека администрацијата на претседателот Џо Бајден е длабоко загрижена за прашањата на интелектуалната сопственост. Ова звучи како постапки на некој што се обидува да се натпреварува неправедно и на сè понепријателски начин. Но, ние сме далеку поефикасни и посилни, кога ќе обединиме истомисленици и земји кои се погодени и загрозени на истиот начин, за да му кажеме на Пекинг: Ова не може и нема да продолжи, рече тој.

Засега нема коментар од кинеската амбасада во Вашингтон.